Skip to content
Search jobs inside your AI agent. Claude, ChatGPT, Claude Code, Codex, Gemini, Cursor and Grok
Connect

LPP

NewBe an early applicant

Регионален HR специјалист

Posted Updated

Description

Бидете и вие дел од LPP,

современа и реномирана компанија, една од движечките компании во индустријата на облека и мода!


LPP е интернационална компанија која над 30 години успешно оперира ширум светот во индустријата за облека. Препознатлива е по своите брендови RESERVED, CROPP, HOUSE, MOHITO и SINSAY со кои достигнува до милиони потрошувачи ширум светот.

“Нашиот тим го сочинуваат над 30000 извонредни, енергетични и посветени вработени. Ние сме водени од страста. Тоа е причината зошто постојано сме во потрага по нови предизвици. И се стремиме заеднички како тим да бидеме најдобра компанија за облека во светот.”

Нашата моментална мрежа се состои од околу 3700 продавници во Европа, Азија, Среден Исток, а од неодамна е присутна и во Скопје со сите 5 бренда. Со цел проширување на продавници низ цела Македонија во моментов сме во потрага по нашиот иден колега:

Позиција: Регионален HR специјалист

(Regional HR Specialist)


ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ:

  • Организација и спроведување на процесот на регрутација и селекција на кандидати за различни позиции во доверениот регион.
  • Регрутација и кадровска поддршка при отворање на нови продавници во регионот и по потреба надвор од него.
  • Подготовка, организација и координација на обуки и онбординг процеси за нововработените, во согласност со деловните потреби и HR стратегијата.
  • Имплементација и унапредување на HR процеси и алатки, како и обезбедување поддршка за нивна успешна примена.
  • Идентификација и развој на таленти, со активно учество во градење позитивна организациска култура и ангажираност на вработените.
  • Тесна соработка со регионалниот менаџмент, менаџерите на продавници и HR тимот, вклучувајќи employer branding активности, корпоративни настани и HR известување.

ТВОЈ ПРОФИЛ:

  • Високо образование
  • Минимум 2 години претходно работно искуство, по можност во областа на човечки ресурси
  • Искуство во retail е секогаш плус
  • Одлично познавање на англиски јазик (говорна и писмена комуникација)
  • Напредно познавање на MS Office пакетот (Word, Excel, PowerPoint) и работа со интернет алатки
  • Возачка дозвола Б категорија и активен возач
  • Одлични комуникациски и организациски вештини
  • Проактивен пристап, ориентираност кон резултати и способност за работа во динамична средина

БЕНЕФИЦИИ:

  • Стабилна кариера во интернационална компанија
  • Службено возило, мобилен телефон и лаптоп;
  • Можности за професионален и кариерен развој
  • Конкурентна плата, бонуси и бенефити
  • Динамична и пријателска работна средина
  • Континуирани обуки и унапредување на вештините

За аплицирање проследето го вашето CV најдоцна до 29.11.2026 год.

Само кандидатите од потесниот круг на селекција ќе бидат контактирани.


Skills

Apply

See also

HR jobs by country — openings, pay and top skills →