Point your AI agent at freehire and let it find you a job.

Get the CLI →

MaxBet

NewBe an early applicant

Специјалист за маркетинг

Posted
Discussion


Макс Бет Групацијата веќе 30 години приредува игри на среќа во Србија и регионот. Како дел од Flutter International Групацијата, глобален лидер во областа на спортското обложување, игри и забава, на нашите играчи им пружаме врвно искуство на преку 300 локации во Србија, Босна, Црна Гора и Македонија. Затоа што нашите вработени ја споделуваат нашата мисија, тие се нашата најголема вредност.

Како дел од нашиот континуиран раст, го прошируваме тимот и бараме Специјалист за маркетинг кој ќе придонесе за развојот на брендот. Доколку се препознаваш во оваа можност, аплицирај и стани дел од MaxBet тимот, деталите за позицијата следат во продолжение.



Специјалист за маркетинг
Скопје

Клучни одговорности:
  • Управување со landbasе активности: креирање на маркетинг планови за промотивни активности во комуникација со регионалните и реонските менаџери, следење на плановите и реализација на активностите, подготовка на POS материјали со тимот за дизајн, дистрибуција на локации, одржување, следење и проверка на состојбата на промотивни материјали, акции и активности.
  • Промотивни активности: Управување и надзор на односите со надворешни агенции (за креатива и продукција), партнерски компании и добавувачи со цел спроведување на активности кои се усогласени со стратегијата и целите на брендот, организација на настани - отворање на локали, промоции и други настани врз основа на маркетинг план. Обука и следење на работата на ангажираните надворешни соработници (супервизори, хостеси) во спроведувањето на договорените активности.
  • Спонзорства: Комуникација со клубови, турнири и организации на ниво на локални заедници и следење и спроведување на активности поврзани со договорените спонзорства. Идентификација на потенцијални партнери, преговарање за условите поврзани со нови спонзорства и одржување на односите со постоечките партнери, се со цел зајакнување на присуството на Брендот.
  • Мултифункционална соработка: Соработка со интерните тимови (финансии, операции, HR, итн.); создавање содржина во соработка со дизајнерот.
  • Работа на терен: посета на локалите и предлагање активности за подобрување на работата во договор со менаџерите и Регионалниот директор.
  • Анализа на пазарот: истражување и анализа на активностите на конкурентите. Следење на позицијата на брендот во однос на конкуренцијата и предлози за подобрување и зајакнување на присуството на брендот и нови промотивни активности за локациите.
  • Следење на перформансите: Помага при собирање и анализа на податоци за перформансите на кампањата и продажбата.
  • Комуникација и поддршка: Обезбедува поддршка за повисокото ниво на менаџери, комуницира со тимот и трговските партнери и ги решава основните прашања и предизвици.
  • Административни задачи: Управување со административни задачи како што се креирање извештаи, ажурирање бази на податоци и организирање состаноци.




Zahtevi

Потребни квалификации:

  • Диплома од областа на општествените науки ќе се смета за предност
  • Докажано искуство (минимум 1 година) во маркетинг, со фокус на успешен развој и имплементација на стратегии и кампањи на брендот.
  • Активен возач.
  • Силни вештини за тимска работа, со способност да ги инспирира и мотивира тимовите за постигнување на заедничките цели.
  • Одлични комуникациски и презентациски вештини, вештини за управување со проекти.
  • Познавање на трендовите во индустријата и однесувањето на потрошувачите.


Pogodnosti

Што нудиме:
  • Поддршка за спортски активности
  • Дополнителни слободни денови за одмор
  • Слободен ден за роденден
  • Работа од дома и флексибилно работно време
  • Подароци за празници и важни моменти
  • Работа во меѓународна Групација водечка во индустријата
  • Можности за реализација на твоите идеји, иницијатива и креативност
  • Поддршка уште од првиот ден
  • Тим што расте заедно и го слави секој успех
Во MaxBet добиваш простор да бидеш свој, да напредуваш и да го живееш својот MAX потенцијал.



Skills

Apply

See also

Marketing jobs by country — openings, pay and top skills →

Tailor your CV for this role?

We couldn't check your fit for this role — add a CV to your profile to see it next time.